Норвешка утре ги укинува сите мерки против коронавирусот

Норвешка утре повторно се отвора, со што ќе завршат рестриктивните антиковид мерки кои ја ограничија општествената интеракција и им ја отежнаа работата на претпријатијата, пишува Ројтерс.

EPA-EFE

„Минаа 561 ден откако ги воведовме најострите рестриктивни мерки во Норвешка во мирнодопски услови. Дојде моментот да се вратиме на нормалниот живот, изјави премиерката Ерна Солберг.

Рестриктивните мерки ќе завршат во сабота во 16 часот, додаде таа.

Одлуката повеќе да не се бара социјална дистанца ќе дозволи културните и спортските настани повторно да бидат во полн капацитет.

Солберг примени три од четирите фази на планот кон укинувањето на општествените и економските рестриктивни мерки, но завршната фаза беше одложувана неколку пати поради стравот од раст на стапката на заразување.

„Накратко кажано, можеме да се вратиме на нормалата“, додаде норвешката премиерка.

Во Норвешка 76 отсто од населението примиле најмалку една доза вакцина против ковид, додека 67 отсто се ревакцинирани.

„Сакам да кажам – Норвешка, ти благодарам“, кажа Солберг.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе