Норвешка планира да го задржи високото ниво на производство на гас до 2030

Норвешка планира да го задржи производството на гас на високо ниво до крајот на деценијата, но ќе го продава по пазарни цени, кажа министерот за енергетика Терје Асланд, отфрлајќи ги сугестиите на некои аналитичари и медиуми.

EPA-EFE

„Очекувам да можеме да го задржиме актуелното ниво на производство до 2030. Познато ни е дека се изработени проекти и планови за развој и работа кои можат да помогнат во одржувањето на високото производство на гас во иднина“, кажа Асланд.

Норвешка годинава би требало да произведе околу 122 милијарди кубни метри гас, за осум отсто повеќе од 2021, и потенцијално да го надмине рекордот од пред пет години, според официјалните прогнози од мај. До 2026 производството според прогнозата на управата за нафта од мај би требало да се спушти на 118 милијарди кубни метри.

Норвешка сега е најголемиот европски извозник на гас, поминувајќи ја Русија која го намали извозот, според податоците на Рефенитив Ејкон. Асланд кажа и дека е уште посигурен во долгорочната побарувачка за норвешки гас во Европа откако Осло во јуни потпиша договор со Брисел кој предвидува засилен европски увоз на норвешкиот гас.

Норвешка веќе одговори на засилената европска побарувачка испраќајќи го во странство гасот кој требаше повторно да биде вбризган во тлото за поголемо производство на нафта. Цените на гасот во Европа се речиси тројно зголемени оваа година, а Норвешка не планира да го продава под пазарната цена, како што сугерираа некои аналитичари и медиуми.

„Пазарот е генерално предвидлив. Во случај на недостиг цените се високи што, меѓу другото, поттикнува поголемо производство и го насочува гасот на пазарите на кои е најпотребен“, истакна норвешкиот министер.

Асланд додаде дека Норвешка не планира да воведе данок на екстра заработката на домашните нафтени компании. „Во овој момент не разговараме за нови даноци. Потенцијалните дополнителни приходи на компаниите во овој момент создаваат темели за идни вложувања и за целосна трансформација на енергетскиот сектор“, кажа Асланд.

Еквинор, најголемиот норвешки произведувач на нафта и гас во сопственост на државата, планира да ги зголеми инвестициите во обновлива енергија и технологија со ниско учество на јаглерод и да израсне во произведувач на „широка палета енергенси“.

Во моментов сепак се фокусирани на засилено производство на јаглеводороди, поради засилената европска побарувачка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе