Норвешка: Ја ставивме под контрола епидемијата на коронавирусот

Норвешка, која воведе полуизолација, успеа да го стави „под контрола“ ширењето на коронавирусот на својата територија, соопшти денеска владата, која нема да ги ублажи преземените мерки.

Стапката на репродукција на болеста, односно бројот на заразени од секој еден пациент, падна под еден, на 0,7, во однос на 2,5 пред воведувањето мерки за борба против пандемијата на коронавирусот.

„Тоа значи дека ја ставивме епидемијата под контрола“, рече норвешкиот министер за здравство Бент Гое, на прес-конференција.

За да го спречи ширењето на вирусот, Норвешка го ограничи движењето, ги затвори јавните места како што се кафулињата, салите за вежбање и фризерските салони и ги забрани спортските и културните настани.

Сепак, дозволени се шетање на отворено и џогирање, а повеќето продавници се отворени.

Ова подобрување не подразбира укинување на мерките донесени од владата на 12 март.

„Денес успеваме да го контролираме ширењето на вирусот и сакаме да ја зачуваме таа контрола во иднина“, додаде норвешкиот министер.

Според најновите бројки на норвешките здравствени власти, во оваа земја има 5.755 заразени лица и 59 починати.

„Останува уште многу да се направи“, рече директорката на Норвешкиот институт за јавно здравје, Камила Столтенберг.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе