29 лица имале несакани ефекти

Норвешка ги смени препораките за вакцинација по неколку смртни случаи

Норвешките власти ги сменија препораките за вакцинирање против ковид-19 откако 13 постари лица умреле по имунизацијата, препуштајќи им на лекарите да проценат дали нивниот пациент треба да се вакцинира.

EPA-EFE

Норвешката агенција за лекови соопшти дека 29 лица имале несакани ефекти, од кои 13 умреле и сите биле корисници на старечки домови и постари од 80 години.

Агенцијата како несакани ефекти ги наведе треска и мачнина кои „можат да предизвикаат смрт кај послабите пациенти“, кажа Сигурд Хортемо од Норвешката агенција за лекови во првиот извештај за несаканите ефекти.

Според официјалните податоци во Норвешка повеќе од 30.000 луѓе ја примиле првата доза од вакцините на Бајонтек/Фајзер или Модерна против коронавирусот.

„Ова не нè вознемирува. Сосема е јасно дека овие вакцини имаат многу мал ризик, со мал исклучок за најслабите пациенти“, кажа директорот на агенцијата Стајнар Мадсен за норвешката телевизија НРК.

Според него лекарите сега мора внимателно да проценат кој треба да се вакцинира, бидејќи, како што додаде, оние кои се многу слаби и многу стари можат да се вакцинираат само по индивидуална проценка.

Претходно неделава, Норвешкиот институт за јавно здравје оцени дека „сите несакани ефекти на вакцината ќе бидат засенети со намалениот ризик од сериозно разболување од ковид-19 за постарите и слабите луѓе.

Норвешката агенција за лекови во извештајот наведе дека 21 жена и осум мажи имале несакани ефекти.

Покрај оние кои умреле, уште девет имале сериозни несакани ефекти без фатални последици, а седум помалку сериозни несакани ефекти.

Во Норвешка од избивањето на пандемијата се регистрирани 57.279 заразени и 511 смртни случаи.

Здравствените власти низ светот ги чекаат извештаите за смртните случаи и другите тешки несакани ефекти по секоја кампања на масовно вакцинирање, но утврдувањето дали вакцината е причината за смртта може да биде многу тешко и бара прво да се исклучат сите други потенцијални причини.

Британија и Соединетите Американски Држави исто така пријавија одреден број случаи на несакани ефекти со смртни последици.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе