Спасени се двете кули

Нотр Дам „спасен од тотално уништување“, еден пожарникар сериозно повреден

Двете предни кули на Нотр Дам се спасени, соопшти противпожарната служба. Еден пожарникар е сериозно повреден во пожарот што за неколку часа ја голтна Богородичината црква во Париз.

Конструкцијата на Нотр Дам е „спасена од целосно уништување“, рече противпожарната служба. Две третини од покривот се уништени, но легендарните кули се „спасени“ од пожарот.

И државниот секретар ги потврди зборовите на пожарникарите, дека зградата е безбедна: „Пожарот е послаб. Сега сме во фаза на ладење, но обете кули (напред) се безбедни. Сè уште се обидуваме да ги спасиме уметничките дела од катедралата“, рече Лорен Нун, државен секретар во француското Министерство за внатрешни работи.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе