Во Бронкс

Њујоршки мафијаш чудесно преживеа обид за убиство од непосредна близина (ВИДЕО)

Соработник на криминалното семејство во Њујорк за влакно ја избегнал смртта откако бил бркан и неколку пати застрелан од потенцијален убиец на улиците на Бронкс, покажува видеоснимка објавена од полицијата.

Салваторе „Сали Даз“ Зотола, партнер во криминалот на семејството Бонано, кое повеќе од еден век владееше со улиците на Њујорк, бил цел на непознат напаѓач во средата наутро околу 6.30 часот. Новообјавено видео од инцидентот покажува црвен нисан како застанува крај автомобилот на Зотола.

Вооружениот напаѓач најпрво се обидува да го застрела 41-годишниот мафијаш низ прозорецот, но очигледно ја промашува целта. Жртвата потоа скокнува од своето возило, барајќи засолниште додека напаѓачот продолжува да пука кон него. Потоа, се гледа како Зотола се оттркалува, очигледно во обид да ги избегне куршумите.

Атентаторот тогаш излегува од возилото за да пука во Зотола од блиску, а овој продолжува да се оддалечува. Откако неколкупати пука во жртвата, напаѓачот трча назад до своето возило и бега.

Зотола бил донесен во болница во сериозна состојба со рани на градите и десната рака, но се очекува да преживее. Атентаторот, во меѓувреме, останува на слобода.

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе