Њујоршката јавна обвинителка покрена постапка да се распушти моќната американска организација за оружје

Јавната обвинителка на Њујорк соопшти дека покренала судска постапка со цел да се распушти моќното Национално здружение за пушки поради наводни финансиски малверзации.

Летиција Џемс рече дека НРА, моќно лоби на поборници на поседувањето огнено оружје, им пренасочило милиони долари на лидерите, меѓу кои и неговиот шеф, Вејн Лапјер, за лична употреба.

„Поради ваквото повеќегодишно несоодветно однесување ние бараме наредба НРА комплетно да се распушти“, рече таа.

Од НРА сè уште нема реакција, вели Би-би-си.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе