Њујорк тајмс: Убиен е вториот човек на Ал каеда

Вториот човек на Ал каеда, обвинет дека помагал во планирањето на бомбашките  напади на две американски амбасади во Африка во 1998 година, го убиле израелски оперативци по налог на САД, јави денес Њујорк тајмс повикувајќи се на разузнавачки извори.

EPA-EFE

Абдулах Ахмед Абдулах, познат под името Абу Мухамад ал Масри, го застрелале двајца мажи на мотоцикли на улиците на Техеран на 7 август, јаву њујоршкиот весник.

Убиството на Ал Масри, кој беше веројатнот наследник на актуелниот лидер на Ал каеда Ајман ал Завахири, досега се држело во тајност, кажале изворите за весникот.

Останува нејасна улогата на САД во убиството на милитантот роден во Египет, пишува Њујорк тајмс. Американските власти ги следеле Масри и други оперативци на Ал каеда со години во Иран.

Ал каеда не ја објавила неговата смрт, иранските власти ја прикриле, додека никој досега не ја презел одговорноста.

Иран денес ја негираше веста истакнувајќи дека на територијата на земјата нема терористи на Ал каеда.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе