Њујорк тајмс тврди: Имаме снимка како иранска ракета го руши украинскиот авион (ВИДЕО)

Њујорк тајмс објави видео на кое, како што вели, се гледа како иранска ракета го соборува украинскиот авион со 176 патници и членови на екипажот.

Видеото, чија автентичност Њујорк тајмс ја потврдува, наводно покажува иранска ракета како го удира авионот над Паранд, град во близина на аеродромот во Техеран, од кој престана да се емитува сигналот на украинскиот авион пред да се урне.

Кога ракетата го соборила авионот, се случила мала експлозија, но авионот не експлодирал, туку летал во наредните неколку минути и почнал да се враќа кон аеродромот, вели американскиот весник.

Запалениот авион, кој дотогаш веќе престанал да го испраќа сигналот, летал кон аеродромот пред да експлодира и наскоро се срушил, покажаа видеата на Тајмс.

Визуелните и звучните траги на снимката се совпаѓаат со информациите за летот и сателитските снимки од областа во близина на уривањето на авионот.

Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа изјави дека од разни разузнавачки извори добил информации дека украинскиот „боинг 737“, во кој повеќето патници беа канадски државјани, бил соборен од Иранците.

Техеран ги негираше овие обвинувања, а иранското Министерство за надворешни работи ја повика Канада да ги сподели информациите што ги поседува.

 

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе