Њујорк тајмс: Трамп размислувал за продажба на Порторико по ураганот Марија

Американскиот претседател Доналд Трамп во 2017 година размислува за идејата за продажба на Порторико откако островот беше уништен од ураганот Марија, открил за Њујорк тајмс поранешната вршителка на должноста секретар за државна безбедност во петокот.

EPA-EFE

„Неговите првични идеи повеќе личеа на бизнисмен отколку на претседател“, кажа Елејн Дјук за њујоршкиот весник.

„Можеме ли да пренесеме електрична енергија: Можеме ли да го продадеме островот? Знаете, да го продадеме имотот?“, наводно кажал Трамп, како што пренесува Дјук во интервјуто.

Таа додава дека продажбата на Порторико никогаш сериозно не се разгледувала или дискутирала откако Трамп ја изнел идејата.

Трамп има бурна историја со американската територија откако Порторико го опустоши ураганот Марија. Речиси три илјади луѓе умреа од последици на невремето, но и од недостигот на струја на голем дел од островот.

Американскиот претседател претходно ги обвинуваше властите на Порторико дека ги трошат парите на неговата админстрација наменети за санација за сѐ, само не за санација на штетата од ураганот. Во ноември 2018 Белата куќа им кажа на лидерите на Конгресот дека претседателот не сака да испраќа дополнителни пари за санација на штетата на Порторико.

Трамп по ураганот упорно негираше каква било вина на својата администрација. Претседателот наместо одговорност бараше пофалби за справувањето со ураганот, нарекувајќи го „неверојатен, неспорен успех“ минатата година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе