Њујорк тајмс: Трамп планира помилување на војници обвинети за воени злосторства

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал помилување на припаднциите на американската војска обвинети или осудени за воени злосторства, објави Њујорк тајмс.

Трамп побарал документацијата за помилување веднаш да се подготви наведувајќи дека размислува за нивно помилување околу Денот на сеќавањето на 27 мај, се наведува во извештајот кој се повикува на двајца неименувани американски функционери.

Собирањето на документацијата за помилување инаку трае со месеци, но министерството за правосудство извршило притисок да се сработи пред празничниот викенд, кажал еден од функционерите.

Едно од барањата се однесува на офицерот за специјални операции Едвард Галагер, чие судење е предвидено за една од следните недели. Галагер е обвинет дека во Ирак пукал во невооружени цивили, и дека непријателски заробеник убил со нож.

Се верува и дека ќе биде вклучен случајот на војникот Матев Голстајн, припадник на специјалните сили „Зелени беретки“, кој е обвинет за убиство на невооружен Авганистанец во 2010.

Се верува дека во документацијата ќе бидат вклучени и други случаи, но не се објавуваат нивните имиња.

Министерството за правосудство не ги коментираше тврдењата, а Белата куќа сѐ уште не одговорила на барањата за коментар.

Правните експерти цитирани во извештајот наведуваат дека помилувања на обвинети и осудени воени злосторници, вклучувајќи и некои чии судења сѐ уште не почнале, немало во поновата историја и загрижени се дека помилувањата би можеле да го поткопаат легитимитетот на воените закони.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе