Њујорк тајмс: Трамп нема платено данок за 10 од последните 15 години (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп во 2016 и 2017 година платил само 750 долари данок, тврди Њујорк тајмс.

EPA-EFE

Во 10 од изминатите 15 години воопшто не платил данок, додава американскиот весник, иако до 2018 година примил 427,5 милиони долари од својата телевизиска ријалити програма и други договори.

Весникот објави дека американскиот претседател Трамп платил само 750 долари за сојузни даноци во 2016 и 2017 години, повикувајќи се на податоците за повраток на данокот.

Богатството на американскиот претседател се проценува на 2,1 милијарди долари, а за време на пандемијата на коронавирусот паднало за една милијарда, објави нодамна Форбс.

Со години Трамп одбиваше јавно да зборува за своите даночни обврски и се бореше против легалнити обиди да ги објави своите податоци.

Според извештајот на Њујорк тајмс, Трамп своите даночни обврски ги минимализирал со тоа што постојано пријавувал загуби на својата бизнис империја.

Њујорк тајмс тврди дека Трамп во 2018 година пријавил загуба од 47,4 милиони долари, иако таа година забележал приход од најмалку 434,9 милиони.

На конференција за медиумите Трамп го оспори овој извештај:

„Тоа е лажна вест. Целосно лажна. Измислена. Лажна“, им кажа на новинарите.

„Плаќам данок. Ќе го видите тоа кога наскоро ќе има поврат на данокот. Веќе долго е на ревизија“, истакна тој.

Алан Гартен, адвокат на Трамп, кажа за Њујорк тајмс дека „повеќето тврдења, ако не и сите, се неточни“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе