Њујорк тајмс: САД тајно протерале кинески дипломати

САД тајно протерале двајца кинески дипломати кои во септември се обиделе да се уфрлат во воена база во американската држава Вирџинија, јавува Њујорк тајмс.

Американските власти се сомневаат дека барем еден од нив е агент на кинеска разузнавачка служба, пишува весникот повикувајќи се на неколку американски функционери кои сакале да останат анонимни.

Весникот наведува дека ова е првото протерување на кинески дипломати поради шпионажа по повеќе од 30 години.

Инцидентот се случил во септември во „чувствителен објект“ во близина на Норфолк во Вирџинија, каде што се наоѓаат американските специјални сили.

Двајцата службеници на кинеската амбасада во Вашингтон придружувани од сопругите пристигнале со автомобил до контролниот пункт на влезот на базата, а бидејќи немале дозвола, стражарот им кажал да влезат внатре само за да се свртат и да се вратат назад. Наместо да излезе од базата возилото продолжило кон внатрешноста на воената база, додека не го блокирале камиони.

Не е разјаснет мотивот на упадот, но американските функционери мислат дека кинеските дипломати сакале да ги проверат безбедносните мерки во базата. Дипломатите навеле дека станувало збор за грешка, дека не го знаат добро јазикот и дека не ги разбрале упатствата на стражарот, што не ги уверило американските власти.

Нивното протерување кое се случило есенва според Њујорк тајмс ни САД ни Кина не го објавиле, и Пекинг засега не одговорил со протерување американски дипломати.

Стејт департментот не одговорил на прашањето на Франс прес за случајот.

САД и Кина минатата недела постигнаа прелиминарен трговски договор по повеќе месеци натегање околу дополнителните царини. Но, разлики меѓу двете земји постојат на бројни фронтови, од индустриската шпионажа, до воената надмоќ, преку кинеското кршење на човековите права на муслиманското малцинство Ујгури, до ситуацијата во Хонг Конг.

Не се знае дали тоа има врска со инцидентот во Вирџинија, но американската влада во октомври им наредила на кинеските дипломати во САД да го известат Стејт департментот пред секој официјален контакт со цела низа американски соговорници, а Кина на почетокот на декември возврати со слични мерки.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе