Њујорк тајмс: Републиканската елита нема да гласа за Трамп

Поранешниот претседател Буш, како многу други имиња од републиканската елита, нема да гласаат за сегашниот претседател од нивните редови.

Претседателот Трамп или ќе ја добие или нема да ја добие својата голема републиканска национална конвенција во август, но се чини дека на неа нема да присуствуваат некои големи републикански имиња.

Како што пренесува Њујорк тајмс, повикувајќи се на „луѓе запознаени со нивните размислувања“, поранешниот претседател Џорџ Буш нема да гласа за Трамп, а брат му Џеб Буш сè уште не е сигурен.

Колин Пауел во неделата директно и јавно го поддржа Џо Бајден, велејќи за Си-ен-ен: „Ние имаме Устав. И мора да го следиме тој Устав. А претседателот се оддалечи од него.“

Трамп може да смета на цврсто „не“ и од Мит Ромни. Ромни или ќе гласа за својата сопруга Ен или за некого друг, според Тајмс. И сопругата на Џон Меккејн, Синди, е „скоро сигурна“ дека ќе го поддржи Бајден, иако не е јасно колку гласно ќе ја труби поддршката.

Претставниците на Пол Рајан и Џон Бонер не кажуваат за кого ќе гласаат поранешните спикери. Сенаторката Лиза Мурковски неодамна изјави дека „се бори“ со тоа дали да гласа за Трамп.

Сето ова се добри вести за претпоставениот кандидат на демократите, кој има намера да извлече корист од бунтовничката коалицијата „Републиканци за Бајден“.

Трамп има проблеми и со луѓето со високи воени чинови, вклучувајќи го и поранешниот министер за одбрана Џим Матиз, а сега и адмиралот Вилијам Мекрејвен, кој ја водеше рацијата за Осама бин Ладен.

„Додека се бориме со пандемијата на ковид и ужасните акти на расизам и неправда, овој претседател не покажа ниту еден од потребните квалитети“, рече Мекрејвен. „Земјата треба да се движи напред без него на чело“.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе