Њујорк тајмс објави шокатни сведоштва за сурови злосторства на американски специјалци во Ирак

Во шокантно сведоштво во Њујорк тајмс опишани се деталите на злосторствата кои специјалните сили на американската војска ги извршиле за време на операциите во Ирак.

За наведените примери одговорен е Едвард Галагер, лидерот на Алфа водот од Тимот 7, командос на морнаричките специјалци познати како „фоки“. За овие злосторства сведочеле негови подредени, за што во повеќе наврати им пријавувале на офицерите. Меѓутоа, како што минувале месеците, немало никакви последици.

Седум членови на водот организирале во март 2018 приватна средба со својот командант во базата Коронадо кај Сан Диего. Според податоците на истражниот извештај во кој имал увид Њујорк тајмс, тие изнеле крвави детали од воените операции и барале формална истрага.

Наместо истрага, тие добиле јасна порака да молчат или може да ги загубат кариерите.

Деталниот извештај на 439 страници го опишува начинот на однесување во „фоките“, кој ја наградува агресијата и ги штити извршителите, пишува Њујорк тајмс. Брајан Алазави, помошникот на обвинетиот командант, вели дека последиците од оваа истрага би можеле да погодат многу други припадници на „фоките“.

„Фоките“, инаку, важат за најелитна единица на специјалците на американската војска, но во последните години испливаа извештаи за претепувања, убиства, кражби и користење дрога.

Само неколку дена по состанокот од март 2018, Галагер бил одликуван со Бронзена ѕвезда поради покажана „храброст под оган“. Сепак, еден месец подоцна, Галагер бил уапсен врз основа на голем број обвинувања, меѓу кои и за убиство и за обид за убиство. Ако биде прогласен за виновен, би можел да добие доживотен затвор.

Меѓу обвинетите се нашол и Галагеровиот непосреден надреден полковникот Џејкоб Портиер, кој е осомничен за уништување докази. Истрагата покажала и дека голем број други офицери знаеле за обвинувањата, но дека не ги пријавиле. Сепак, никој друг не е обвинет во овој случај.

Галагер, познат и по прекарот „Блејд“ (Острица), пред објавувањето на извештајот важел за „легенда“ меѓу специјалците, но неговите соборци набрзо по пристигнувањето во Ирак можеле да се уверат во поинаква вистина.

Галагер, на пример, ги терал да испукуваат ракети во куќи без каква било причина, паркирале оклопни возила на мостот на реката Тигар и, од забава, пукале во цели населби.

Неговата работа била да ги планира и надгледува мисиите, но тој често самиот земал снајпеер и пукал во сѐ што мрдало. Често се фалел колку луѓе убил тој ден, вклучувајќи и жени.

Снајперисти на истражителите им кажале дека Галагер во една прилика од снајпер застрелал девојче во шарен хиџаб, која шетала покрај реката со другарки. Останатите снајперисти кажале дека низ нишаните гледале како другите девојчиња ја одвлекуваат додека таа се држи за стомакот.

Во друг случај, тој без каква било причина застрелал невооружен маж со бела брада.

Третиот пример се случил на 4 мај 2017, кога ирачки војници довеле припадник на Исламска држава кој бил ранет во борба, за Галагер преку радиото кратко да порача: „Мој е“. Според сведоштвата на припадниците на „фоките“, уапсениот терорист имал околу 15 години. Додека лекарот му пружал помош, Галагер му пришол на младиот терорист и без збор го прободел неколку пати по вратот и градите.

Потоа, Галагер и уште неколку припадници на „фоките“ се фотографирале над трупот.

Една недела подоцна, Галагер му ја испратил фотографијата на војник од Калифорнија, со коментар: „Супер приказна, го средив со ловечки нож“.

Кога поискусни војници го прашале Галагер зошто го направил тоа, тој одговорил; „Не грижете се премногу, тие нам ни прават многу полоши нешта“.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе