Њујорк тајмс: Најмалку 5 вработени во Спејсекс отпуштени зашто го критикувале Маск

Компанијата Спејсекс отпуштила најмалку пет вработени што во јавно писмо го критикувале однесувањето на извршниот директор Илон Маск, пишува Њујорк тајмс. Претседателката на Спејсекс, Гвин Шотвел, писмото на вработените го опиша како „прекумерен активизам“.

Фото: ЕПА

Писмото првпат го објави технолошкиот сајт Верџ, а во него се вели дека однесувањето на Маск е чест извор на непријатност и попречување на вработените. За само ден и половина писмото го потпишале над 400 вработени во Спејсекс. Вработените што го дале својот потпис бараат од Спејсекс јавно да се обрати и да го осуди однесувањето на Маск на Твитер.

„Маск се смета за лицето на Спејсекс бидејќи тој е нашиот извршен директор и најистакнатиот портпарол, а секој твит што го објавува станува јавна изјава на компанијата. Важно е да им дадеме до знаење на нашите тимови и потенцијалниот фонд на таленти дека пораките на Маск не ја одразуваат нашата работа, мисија и вредности“, стои во дописот на вработените.

Минатиот месец Бизнис инсајдер пишуваше за недоличното однесување на Илон Маск, а вработените во писмото се повикуваат на тие обвинувања. Маск сексуално вознемирувал стјуардеса на Спејсекс за време на приватен лет, се вели во извештајот на Бизнис инсајдер. Исто така, во извештајот се наведува дека компанијата им платила на вработените 250.000 долари за да молчат.

Претседателката на компанијата Шотвел по обвинувањата застана во одбрана на Маск и рече дека верува оти тие се лажни. Потписниците на писмото биле отпуштени минатата недела според мејл испратен од Шотвел. Во мејлот таа напишала дека поради писмото вработените се чувствувале непријатно и биле лути затоа што биле принудени да потпишат нешто што не ги одразува нивните ставови.

Шотвел рече дека раководството на компанијата е посветено на обезбедување постојано подобрување на работната средина, повеќе од кој било друг што го видела во својата кариера. Таа ги повика вработените да се фокусираат на мисијата на Спејсекс и да го користат своето време на работа за да ја вршат својата работа што е можно подобро.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе