Њујорк Тајмс на насловната страница објави имиња на починати од коронавирус

Њујорк Тајмс ја пополни насловната страница од неделното издание со имиња на луѓе кои починале од коронавирус.

Фото: Твитер

Сите вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети со список со имиња и извадоци од некролози во спомен на умрените, додека САД се приближуваат до „мрачната пресвртница“ од 100.000 жртви од коронавирус.

Асистентката на графичкиот уредник Симон Ландон изјави дека таа и нејзините колеги сфатиле дека и меѓу „нив самите како и во пошироката јавност постои малку умор од податоци“.

Страницата ја составил новинар кој преку извори на интернет разгледувал некролози и известувања за смртта и составил список со речиси 1.000 имиња, се вели во соопштението во саботата.

Кратките извадоци земени од некролози и наведени на насловната страница даваат чувство за „посебноста на секој изгубен живот“, вклучувајќи ги „Ален Лунд, 81, Вашингтон, диригент со најпрекрасното уво“ и „Тереза Елои, 63, Њу Орлеанс, позната по изработката на цветен накит“.

Според американскиот универзитет Џон Хопкинс, САД имаат 1,6 милиони случаи на инфекција со коронавирус. Во моментов, САД има најголем број смртни случаи поврзани со коронавирусот во светот.

Во државата Њујорк, американската држава најтешко погодена од пандемијата, има повеќе од 360.000 потврдени случаи и околу 29.000 смртни случаи.

Сепак, гувернерот Ендру Куомо во саботата објави дека има знаци на напредок, а државата пријавила најмал број на починати во последните неколку недели.

Со 84 смртни случаи во петокот се одбележува првиот ден од март во кој дневниот број на починати се спушти на двоцифрена бројка.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе