Инцидентот не е поврзан со тероризам

Њујорк: Со автомобил влетал во толпа на Тајмс сквер, најмалку една жртва (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина а 19 се повредени откако автомобил во полна брзина влета во пешачката зона на Тајмс сквер, пренесува Ројтерс.

Станува збор за локација која дневно ја минуваат стотици илјади пешаци, најголем број туристи од сите краеви на светот.

Американските медиуми јавуваат дека инцидентот не е поврзан со тероризам, повикувајќи се на извори од њујоршката полиција.

Хаосот настанал кога црвен автомобил „хонда“ влетал во популарната туристичка дестинација.

Њујоршката полиција соопшти дека е уапсен возачот на автомобилот, 26-годишниот Ричард Рохарс од Бронкс.

Сведоците кажуваат дека автомобилот возел во спротивна насока кога преминал на тротоарот со пешаците.

„Сите почнаа да бегаат, во паника за сопствениот живот“, изјавил еден од сведоците на инцидентот за телевизијата Си-би-ес.

На њујоршката полиција во истрагата ѝ помага и ФБИ.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе