Казната за непочитување на карантинот до 1.000 долари

Њујорк поставува карантински контролни пунктови на влезовите на градот

Градот Њујорк ќе постави карантински контролни пунктови за ковид-19 на клучните влезни точки во тој град, за да обезбеди дека патниците од 35 држави го почитуваат предупредувањето на државата Њујорк за останување во четиринаесетдневна изолација, кажа градоначалникот Бил де Блазио.

EPA-EFE

„Патниците кои доаѓаат од наведените држави ќе добијат информации за карантинот и ќе бидат задржани доколку тоа биде потребно“, истакна Де Блазио.

Тој додаде дека, под одредени околности, паричната казна за непочитување на наредбата за карантин може да изнесува и до 1.000 долари.

Полицијата во соработка со другите безбедносни агенции ќе почне со поставување контролни пунктови на најголемиот мост и тунелот на влезот во Њујорк.

Њујорк во еден момент беше жариштето на пандемијата на коронавирусот во САД и преземени се силни чекори за да се спречи нова појава на заболени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе