Њујорк пост: Бајден во кампањата примил пари од лобисти за Северен тек 2

Њујорк пост пишува дека лобист, наводно поврзан со проектот на гасоводот Северен тек 2, донирал пари за кампањата на Џо Бајден, тогаш демократски кандидат за претседател на САД, пред американските претседателски избори во 2020 година.

EPA-EFE

Њујоршкиот весник ги пренесува информациите од американската сојузна изборна комисија, од кои се гледа дека во октомври минатата година поранешниот американски дипломат Ричард Барт за потребите на изборниот штаб на Бајден издвоил 4.000 долари. Покрај тоа, во март 2020 испратил 10.000 долари на политички одбор кој го поддржал кандидатот на демократите.

Според Њујорк пост, Барт ги застапува интересите на компаниите кои се партнери на Газпром во Северен тек. Меѓу нив се германските Унипер и Винтершал, австриски ОМВ, француски Енжи и англо-холандски Шел. Како што е наведено, во документите кои Барт ги доставил на ОМВ е наведува дека неговите лобирачки активности се однесуваат на „заштитата и понатамошното унапредување на интересите на компаниите во расправата за природниот гас како елемент на европската енергетска безбедност и прашањето на санкциите против Русија“.

„Кога Ричард Барт донирал на Бајден виктори финдот, не открил дека е регистриран странски агент и затоа нема право да обезбеди средства“, кажал за Њујорк пост претставник на Американскиот демократски национален одбор (НКДП). Уверува дека Барт минал низ постапката на селекција на донатори бидејќи не ги открил своите работодавачи.

КНДП известил и дека парите примени од Барт биле вратени неделава.

Барт беше помошник на американскиот државен секретар за европски и канадски прашања од 1983 до 1985 година. Од 1985 до 1989 беше американски амбасадор во Германија. Тој беше и шеф на американската делегација во преговорите со СССР за развојот на Договорот за ограничување и намалување на стратегиското напаѓачко вооружување (СТАРТ). Според новинарите, Барт „во моментов е директно вклучен во активностите за лобирање за Норд стрим 2 АГ“ (проектната компанија за реализација на проектот Северен тек 2).

Како што се наведува, тој беше и советник на предизборниот штаб на претходниот американски претседател Доналд Трамп за надворешнополитички прашања.

Весникот потсетува на изјавата која американскиот претседател Џо Бајден ја даде минатата недела – дека изградбата на гасоводот Северен тек 2 е речиси завршена и дека воведување санкции против проектот би било контрапродуктивно за американските односи со Европа.

Гасоводот на почетокот на април беше завршен 95 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе