Овој закон е усвоен на вонредна законодавна седница, а неговото донесување го поттикна минатонеделната пресуда на Врховниот суд со кој се поништени сто години старите рестриктивни закони за носење оружје во Њујорк. Мнозинството конзервативни судии на американскиот Врховен суд за првпат во историјата пресуди дека уставот на САД го гарантира правото на носење оружје во јавност за самоодбрана.
Демократските лидери ан Њујорк ја отфрлија пресудата на Врховниот суд бидејќи сметаат дека поради повеќето сопственици на оружје ќе има и повеќе оружено насилство.
Признаваат дека мора да ги попуштат условите за давање дозволи за да ја испочитуваат пресудата, но во име на јавната безбедност ќе се трудат да задржат што повеќе ограничувања. Некои од тие ограничувања сигурно ќе бидат предмет на судски тужби.
Врховниот суд одлучи дека поради условите за дозвола кои во Њујорк се на сила од 1911 државните службеници имале премногу можности за одбивање на дозволите.
Демократската гувернерка на сојузната држава Њујорк Кети Хочул ја свика вонредната седница и кажа дека досегашните закони за поседување оружје во Њујорк резултирале Њујорк да ја има петтата најниска стапка на смртност од огнено оружје од 50 сојузни држави.
„Нашата сојузна држава ќе продолжи да ги штити граѓаните на Њујорк и покрај пресудата на Врховниот суд“, кажа таа во главниот град Олбени. „Тие можеби мислат дека можат да ги променат нашите животи со еден потег на перото, но и ние имаме пера“.