Њујорк наскоро целосно ќе се отвори по едногодишна блокада

Њујорк планира целосно отворање на 1 јуни по повеќе од една година блокада поради пандемијата на коронавирусот, објави во четвртокот градоначалникот Бил де Блазио откако се вакцинираше голем дел од осумте милиони жители.

Фото: ЕПА

„Подготвени сме компаниите, канцелариите, театрите да се отворат со полн капацитет“, изјави Де Блазио за телевизијата Ем-ес-ен-би-си.

Тој додаде дека оптимизмот го заснова на масовната вакцинација на жителите на Њујорк. Според него, досега се дадени 6,3 милиони дози на 8,3 милиони луѓе. Повеќе од 2,3 милиони жители на Њујорк се целосно вакцинирани.

Де Блазио не прецизираше дали оние кои ќе одат во кино или на вечера во ресторани ќе мора да исполнат одредени услови, како што се сертификати за вакцинација.

Американските фудбалски клубови Њујорк Јенкис и Метс бараат гледачите да направат брз тест на ковид-19 или да покажат сертификати за вакцинација пред да влезат на стадионите на кои капацитетот е ограничен на 20 проценти.

Театрите на Бродвеј на почетокот на април почнаа да се отвораат за специјални настани и со ограничен број на посетители. Некои продуценти планираат целосно отворање на 1 јуни.

Изјавата на Де Блазио дојде еден ден откако гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо ги укина ограничувањата за повторно оживување на ноќниот живот во градот.

Куомо во средата го укина полицискиот час по што рестораните и баровите беа отворени до полноќ. Забраната ќе биде укината на 17 мај за надворешните и на 31 мај за внатрешните делови на рестораните.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе