Индија

Њу Делхи се затвора на шест дена поради рекордно зголемување на инфекциите

Индискиот главен град Њу Делхи се затвора во понеделник вечер на шест дена поради рекордниот пораст на инфекции со коронавирус и колапс на здравствениот систем.

Фото: ЕПА

Во индиските болници недостасуваат кревети, кислород и клучни лекови, а вкупниот број на инфекции надмина 15 милиони. Само САД имаат повеќе заразени.

Во Њу Делхи, град со повеќе од 20 милиони жители, помалку од сто кревети се достапни на интензивна нега, рече во неделата главниот министер Арвинг Кеџривал.

Главниот град на Индија се затвора во понеделник вечер на шест дена.

Индија во понеделникот потврди рекордни нови 273.810 инфекции. Починале 1.619 лица, најмногу досега во текот на еден ден, a вкупно 178.769.

Критиките за одговорот на владата на премиерот Нарендра Моди на вториот бран на пандемијата на коронавирус во Индија се засилија откако илјадници луѓе ги посетиле верските собири и изборните митинзи.

Политичките лидери, вклучително и министерот за внатрешни работи Амит Шах, треба да одржат нови митинзи во понеделник.

Опозицискиот лидер во Конгресот Рахул Ганди, кој исто така организирал изборни митинзи во последните неколку недели, во неделата објави дека ги прекинува сите свои јавни митинзи во Западен Бенгал, сојузна држава што е во центарот на изборите.

Хонг Конг во неделата вечер објави дека азискиот финансиски центар ќе ги прекине летовите од Индија, Пакистан и Филипини од вторник на две недели поради увезени инфекции.

Индија администрирала речиси 123.9 милиони дози вакцини до понеделникот, најмногу во светот зад САД и Кина, но малку во споредба со бројот на жители кои ги има околу 1.4 милијарда.

Поради големото ширење на пандемијата, британскиот премиер Борис Џонсон утрово го одложи патувањето во оваа земја.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе