Низа земјотреси на грчкиот остров Крит, најсилниот 6 по Рихтер (ВИДЕО)

Грчкиот остров Крит утринава го погодија низа потреси, најсилниот бил 6 степени по Рихтер, а потоа следеа неколку послаби потреси.

EPA-EFE

Епицентарот бил кај островот Крит,, а првите информации наведуваат дека станува збор за земјотреси од 6 до 3,2 степени.

„Изгубивме рамнотежа, толку беше силен!“, „Никогаш не сум доживеал волку силен земјотрес. Се уплашив. Зградата во која живеам не е оштетена, но се наѕираат пукнатини“, гласат некои од коментарите на социјалните мрежи.

Во земјотресот се оштетени неколку згради, а Дојче веле пренесува дека две лица останале заробени во оштетени згради во селото Аркалохори. Оштетени се камените згради во селата околу епицентарот, а децата се евакуирани од училиштата.

Еден маж загинал во уривањето на кулата на црквата во Аркалохори каде што се одвивало реновирање, соопшти полицијата. Локалните власти објавија дека се повредени девет лица.

Во најголемиот град Ираклион многумина истрчале на улиците.

Првично Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) оцени дека земјотресот бил со јачина од 6,5, додека Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (УСГС) кажа дека јачината е 6,0.

Институтот во Атина соопшти дека земјотресот се случил околу 9:17 по локално време, а епицентарот бил 246 километри југоисточно од главниот град на Грција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе