Нивото на радијација е зголемено за 16 пати, жителите утре мора да ја напуштат областа

Руските власти ги советувале жителите на Нионска со воз да го напуштат селото поради наводно однапред планирани активности на војската.

Руската метеоролошка агенција објави дека нивото на радијација во северниот град Северодвинск се искачила меѓу 4 и 16 пати, по експлозијата при тестирање на ракетен мотор од морска платформа, тврдат официјални лица.

Сè уште не се знае зошто експлозијата предизвикала зголемено зрачење.

„Добивме известување за планирани активности на воените власти. Во врска со тоа, жителите на Нионска се повикани на 14 август да го напуштат селото“, соопштија властите на Северодвинск, пренесе Интерфакс.

Според ТАСС, лекарите кои им помагале на жртвите од несреќата биле испратени во Москва на преглед, а пред да заминат потпишале документ во кој ветуваат дека нема да откриваат информации за инцидентот.

Министерството за одбрана првично објави дека позадинското зрачење останало на нормално ниво по несреќата во четвртокот, но градските власти на Северодвинск откриле краток пораст на нивото на радијација.

Гринпис тврди дека зрачењето е зголемено за 20 пати, додека руската метеоролошка агенција Росгидромет денес објави дека се зголемило помеѓу 4 и 16 пати.

Русија само во саботата призна дека експлозијата во базата за лансирање ракети била од нуклеарен карактер и дека при тоа загинале најмалку пет лица.

Во соопштението, руската нуклеарна агенција Росатом објави дека во таа експлозија смртно загинале пет членови на нивниот персонал и дека три лица претрпеле изгореници.

Росатом прецизираше дека неговиот персонал обезбедувал техничка поддршка „за изотопскиот извор на енергија“ на ракетен мотор, додека војската не споменува нуклеарно гориво.

Жителите на Северодвинск направиле залихи на јод што се користи за намалување на ефектите од изложеноста на зрачење.

Најтешката нуклеарна несреќа во историјата се случила во 1986 година во поранешниот Советски сојуз во украинската централа Чернобил. Властите тогаш биле обвинети дека неколку недели се обидувале да го прикријат степенот на катастрофата.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе