Трет неуспешен обид

Ништо од примирјето: Ерменија и Азербејџан заемно се обвинуваат за кршење

Ерменија и Азербејџан заемно се обвинуваат дека го прекршиле тукушто договореното трето примирје кое требаше денес да стапи на сила и да го сопре конфликтот околу контролата над спорната енклава Нагорно Карабах.

EPA-EFE

Примирјето двете земји го договорија во Вашингтон и требаше да почне од 8:00 часот по локално време (6:00 по средноевропско).

Азербејџанското министерство за надворешни работи ги обвини ерменските сили дека го гранатирале градот Тертер и соседните села како и позициите на војската на Баку, тврдејќи истовремено дека тие „строго го почитуваат договорот“.

„Тоа уште еднаш го покажува дека Ерменија само на зборови го поддржува принципот на хуманитарно примирје. А всушност, криејќи се зад примирјето, таа се обидува да ги прегрупира силите и да заземе нови позиции“, кажа Кикмет Гаџиев, советник на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Министерството за одбрана на Нагорно Карабах, пак, го осуди непријателскиот артилериски оган врз нивните позиции од разни места на фронтот.

Министерството додаде дека нивните сили строго се придржуваат до постигнатиот договор за примирје, и дека обвинувањата дека тие го кршат немаат врска со реалноста.

Двете страни ја обвинија противничката за „флагрантно кршење“ на примирјето.

Нагорно Карабах е енклава во Азербејџан населено со Ерменци и од војната во првата половина на 90-тите владата во Баку нема контрола врз таа територија.

Ова е третото примирје кое пропаѓа во Нагорно Карабах од повторното разгорување на непријателствата на 27 септември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе