Ништо од Обамагејт (ВИДЕО)

Американскиот министер за правда Вилијам Бар ја отфрли можноста за отворање кривична постапка против поранешниот американски претседател Барак Обама.

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Како што јавува француски Монд, тој ги згасна надежите на претседателот Доналд Трамп кој веќе неколку дена се заканува со кривичен процес против својот претходник во Белата куќа.

„Живееме во земја која е многу поделена во овој момент и лично сметам дека е од суштинска важност да имаме претседателски избори на кои американскиот народ ќе може самостојно да одлучува и да избере нов шеф на државата врз основа на аргументите и отворена политичка дебата“, изјави Бар.

Според заговорничките тези и нагаѓањата кои ги иницираше претседателот Трамп, а ги поддржаа поголем број конзервативни американски медиуми, Барак Обама при крајот на својот претседателски мандат користел федерални средства за да му наштети на својот иден наследник во Белата куќа со помош на странска агенција, најверојатно руска, пишува Монд.

Трамп уште во 2017 година без валидни докази и не спомнувајќи го експлицитно својот претходник изнесе обвинувања дека во 2016 година било наредено негово прислушување и дека станува збор за кривично дело за кое следува затворска казна.

Кога новинар на Вашингтон пост го замоли да каже прецизно кој го наредил прислушувањето, Трамп избегна директен одговор и му советуваше на новинарот „да го чита целиот печат, а не само весникот за кој работи“.

Монд оценува дека Трамп за време на кампањата тешко ќе успее да ги прикрие своите расистички погледи имајќи предвид дека на минатите избори ја убеди својата гласачка база дека прашањето на дискриминацијата на белците во САД е еден од најважните општествени проблеми на Америка, иако тоа негово тврдење го демантираат официјалните статистички податоци за општествено-економските трендови во САД.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе