11 американски држави забранија воведување ковид-пасоши

„Никому не смее да му се забранува пристап до места или услуги врз основа на статусот на вакцинација“

Вајоминг им се придружи на Алабама, Минесота, Јужна Каролина, Арканзас, Аризона, Флорида, Ајдахо, Монтана, Тексас и Јужна Дакота, кои или донесоа закони или издадоа наредби за да спречат воведување ковид-пасоши.

Фото: ЕПА

Гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон, ги забрани ковид-пасошите со издавање директива според која никому не смее да му се забранува пристап до места или услуги врз основа на статусот на вакцинација.

Во директивата на републиканецот Марк Гордон се вели дека „програмите за ковид-пасош можат потенцијално да ја политизираат одлуката што не смее да се политизира“.

„Ќе ги поделиме нашите граѓани во време кога е потребно единство во борбата против вирусот и ќе им наштетиме на оние што медицински не се во можност да примат вакцина“, забележа Гордон.

Гордон рече дека вакцината е „личен избор заснован на лични околности“.

Гордон беше меѓу првите поборници за укинување на задолжителното носење маски уште во март и дозволување повторно да се отворат деловните активности.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе