„Никој нема да се бори“: нападнат руски уред за регрутација, има ранети (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Како што пренесува независниот руски медиум Медиазона, во градот Уст-Илимск во регионот Иркутск, млад човек со пушка нападнал воена канцеларија за регрутирање, а снимка од нападот се прошири на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како маж со пушка отвора оган додека луѓето во воената канцеларија за регрутирање бегаат врескајќи.

Видеото е вознемирувачко:

Како што јави Таига.инфо, во нападот има и ранети, меѓу кои и шефот на канцеларијата за регрутирање. Сѐ уште не е познат бројот на ранетите.

Објавено е видео уапсениот напаѓач, кој е идентификуван како 25-годишниот Зинин Руслан, жител на Уст-Илимск.

Меѓу другите, Зинин го застрелал Александар Елисеев, воен комесар, кој е на интензивна нега во критична состојба. Според пишувањата на медиумите, пред истрелот Зинин рекол: „Никој нема да се бори“.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе