Никој не знае каде оди иранскиот танкер, Турците тврдат дека е упатен кон Либан

Турција денес соопшти дека иранскиот танкер, кој се најде во центарот на конфликтот меѓу Техеран и Вашингтон, тргнува кон Либан, иако од Бејрут тврдат дека не знаат ништо за тоа, јавува Ројтерс.

Танкерот Адријан Дарја, кој претходно се викаше Грејс 1, ја смени насоката за 180 степени и тргна кон турското пристаниште Искендерун, 200 километри од сириската рафинерија Банијас. Од почетокот се претпоставуваше дека токму ова пристаниште е одредиштето на танкерот кој веќе со денови плови по Средоземното Море. Ова е веќе трет пат во десет дена танкерот да ја смени насоката.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека танкерот, кој плови со 2 милиони барели нафта, оди кон главното пристаниште на Либан. Тој додаде и дека разговарал со британскиот премиер Борис Џонсон за координатите на танкерот.

„Многу внимателно го следиме танкерот“, кажа Чавушоглу.

Турскиот министер потоа кажа дека Либан не мора да биде крајното одредиште на бродот.

„Не кажав дека танкерот оди во либансо пристаниште“, кажа тој на прес конференцијата. „Според координатите плови кон територијалните води на таа земја, но тоа не значи дека ќе сопре во некое либанско пристаниште“, додаде Чавушоглу, повторувајќи дека Турција не е крајното одредиште.

Но, либанскиот министер за финансии Али Хасан Халил кажа за Ројтерс дека никој не ги информирал за тоа дека иранскиот танкер Адријан Дарја патува кон Либан.

Очигледната конфузија околу движењето и конечната дестинација на танкерот е резултат на стравот од дозволата за впловување во нивните пристаништа. САД тврдат дека танкерот ѝ припаѓа на Иранската револуционерна гарда, елитната воена единица на Иран која е под директна команда на врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хамнеи, а која тие ја сметаат за терористичка организација. Затоа им порачаа на земјите од регионот да не му помагаат на танкерот.

Портпаролот на иранската влада во понеделникот изјави дека Иран ја продал нафтата која се наоѓа во танкерот чиј сопственик не е познат и дека тој ќе одлучи за тоа каде ќе оди.

Откако танкерот беше пуштен од Гибралтар, прво се претпоставуваше дека оди во грчкото пристаниште Каламата, а потоа во турски Мерсин. Во четвртокот нагло го смени правецот, речиси за 180 степени од турскиот брег. Но утринава, кога се наоѓаше северно од Кипар, направи сличен потег и повторно целосно ја смени насоката.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе