Никој не ја почитува дистанцата: Илјадници Англичани на плажа, реагирала и полицијата (ВИДЕО)

Десетици илјади Англичани не ги почитуваа владините упатства и наспроти нивните барања се упатиле на плажите на Борнмут и другите делови на брегот на Дорсет, јавуваат британските медиуми.

Screenshot

Локалните власти велат дека биле принудени итно да одговорат на широкиот спектар на проблеми што се појавиле, од пренатрупаност на плажите, застој во сообраќајот и насилство, така што тимовите за собирање отпад требало да бидат заштитени со обезбедување.

„Многу луѓе избраа да бидат не само неодговорни, туку и опасни. Направивме таков напредок во борбата против оваа пандемија - не би сакал да видам Борнмут да стане местото од кое започна вториот бран“, изјави парламентарецот Тобиас Елвуд, претставник на Борнмут за Гардијан.

Елвуд на Твитер напиша дека е прогласена посебна ситуација во Борнмут.

Тој рече дека побарал дополнителни сили од министерот на полицијата доколку се појави потреба.

Шефицата на локалната полиција, Сем де Реја рече дека луѓето треба да ги избегнуваат плажите со оглед на времето во кое се наоѓаме.

„Јасно е дека сè уште сме во јавноздравствена криза и толку голем број луѓе на една област дополнително ги оптоварува ресурсите на службите за итни случаи“, изјави Де Реја за Би-би-си.

Легенда под Главна слика

Screenshot

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе