Западен Брег

„Никогаш нема да ни ја скршиш волјата“, му порачаа Палестинците на Нетанјаху по ветувањето за анексија

Палестинците што ја обработуваат плодната Јорданска долина во средата рекоа дека со генерации се вкоренети на земјиштето на Западниот Брег што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху планира да го анектира и ветија дека никогаш нема да се откажат.

„Му порачуваме на Нетанјаху, и на кој и да го наследи, нема да ја скршите волјата на Палестинците, никогаш нема да ја скршите нашата волја, никогаш, никогаш“, рече Хасан Ал Абеди, 55-годишен земјоделец што живее во селото Јифтлик.

„Тоа е земја на нашите родители и баби и дедовци. Ќе се држиме до неа, без оглед на цената“.

Десничарската партија на Нетанјаху во вторникот објави дека планира да го „примени израелскиот суверенитет“ на Јорданската долина и соседното северно Мртво Море ако тој победи во тешката битка за реизбор на 17 септември.

Планот беше осуден од арапските лидери и од Палестинците, кои сакаат да воспостават држава на целиот Западен Брег и во Појасот Газа, окупирани од Израел.

Кабинетот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш соопшти дека планот „ќе претставува сериозно кршење на меѓународното право“.

Палестинските водачи рекоа дека, исто така, ефективно ќе ги поништат привремените мировни договори од 1990-тите, кои вклучуваат безбедносна соработка.

Палестинските земјоделци ги обработуваат своите култури и се загрижени за својата иднина во област каде што градот Ерихон и реката Јордан се потсетници за едно библиско минато, вели Ројтерс.

„Ова не е земја на Нетанјаху“, рече Исмаил Хасан, 75-годишен Палестинец од селото Збеидат. „Успеал Нетанјаху или не (на изборите), ние нема да го прифатиме тоа. Оваа земја е за Палестина, за Палестинците “.

Во Израел, кој го зазеде Западниот Брег во војната во 1967 година, изјавата на Нетанјаху нашироко се сметаше за обид да се добие поддршка од екстремно десничарските изборни ривали, кои се залагаат за анексија на еврејските населби, и од централно-левичарите, кои со децении тврдат дека Јорданската долина треба да се зачува од безбедносни причини.

Со припојувањето на Јорданската долина Израел ќе го има опколено секој палестински политички субјект што ќе се појави, вели Ројтерс.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе