Ниедно пристаниште не сака да го прими крузерот на кој од коронавирусот починаа две лица (ВИДЕО)

На холандскиот крузер Заандам му се заканува хуманитарна катастрофа бидејќи ниедно пристаниште во Јужна Америка не им дозволи на патниците и екипажот да се истоварат.

На бродот досега умреа четири лица, од кои две од коронавирусот. Деве лица се позитивни на вирусот, а уште 73 патници и 113 членови на екипажот пријавија симптоми слични на грип. Заандам со 1.243 патници и 586 членови на екипажот тргна на крстосување по Јужна Америка на 15 март од Буенос Аирес, пред многу земји да воведат рестрикции. Патувањето требаше да заврши на 21 март во Пунто Аренас во Чиле, но чилеанската влада забрани вкотвување откако сопственикот на крузерот Холанд Америка лајн пријави дека на него има заразени патници.

Заандам го одбија уште неколку јужноамерикански земји, кои дозволија само доставување храна и други потребни работи на бродот, а потоа во пресрет му дојде сестринскиот брод Ротердам, кој плови со Заандам во текот на целата криза. Во саботата со чамци за спасување на Ротердам беа префрлени околу 800 здрави патници од Заандам, кој очајнички бара пристаниште.

Му беше одбиено минување низ Панамскиот канал, но властите сепак попуштија па холандските бродови синоќа влегоа во Мексиканскиот Залив. И Мексико не дозволи влегување во пристаништата па Холанѓаните се свртеа кон САД и испратија молба на 7 април да влезат во Форт Лодердејл на Флорида. Американската крајбрежна стража кажа дека ќе постапи по налог на локалните власти, а ако таа не може да се договори ќе премине на федерално ниво.

„Нашите болнички капацитети се преоптоварени и да се пуштат луѓето од крузерот на кој е потврден вирусот навистина нема премногу смисла“, изјави гувернерот на Флорида Рон Десантис.

За случајот е информиран и претседателот на САД Доналд Трамп, кој најави дека ќе направи сѐ за таа да се реши.

„Луѓе умираат на тој брод. Ќе го направам она што е исправно. Не за нас, туку за хуманоста“, кажа Трамп.

Патниците на социјалните мрежи објавија дека ситуацијата на бродот е сериозна, дека сите се во своите кабини и не смеат да се дружат со другите патници. Но го пофалија екипажот за исклучителната грижа за сите.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе