Ни ЦИА не знае како настанал коронавирусот

Американските разузнавачи поднеле до Џозеф Бајден извештај во кој велат дека не утврдиле дали вирусот е пренесен од животни или „избегал" од лабораторија.

Фото: ЕПА

Како настанал коронавирусот е прашање на кое американските разузнавачки служби не можеле да најдат одговор бидејќи, се вели во нивниот извештај, Кина одбила да соработува.

Шефот на Белата куќа во мај им даде на агенциите 90 дена за да го откријат потеклото на коронавирусот, но - по три месеци - оваа недела доби извештај во кој разузнавачите го известуваат дека не се сигурни што навистина се случило, пренесува Си-ен-ен. Според овој документ, не може да се докаже дека вирусот потекнал од природата, како што тврдат властите во Пекинг, ниту пак дека по грешка ја напуштил лабораторијата во кинескиот град Вухан, што е верзијата што ја навести поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Светската здравствена организација во март заклучи дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на други животни и на луѓето, иако не ја исклучи можноста ковид -19 да излегол од лабораторија поради негрижа на вработените, објаснувајќи дека последното сценарио е малку веројатно. Во американските медиуми се исмејуваше теоријата за „бегство“ од епрувета, а социјалните мрежи ги отстрануваа објавите со оваа претпоставка додека Бајден не изјави дека сака и оваа теза да се тестира. Општо е прифатено дека ковид-19 најверојатно се пренел од животни на луѓе на крајот на 2019 година на пазарот во Вухан, каде што се продаваат домашни и диви животни.

Потеклото на вирусот, од кој починаа повеќе од четири милиони луѓе во светот, а најголем број од нив во Америка (650.000), е уште една спорна точка меѓу Вашингтон и Пекинг. И администрацијата на Бајден и Трамп се пожалија дека земјата од која вирусот почна да се шири на целата планета не се согласи да ја сподели документацијата со други земји. По повод овој извештај, комунистичките власти ги обвинија Соединетите Држави дека ја политизираат епидемијата и го обвинуваат Пекинг.

Пандемијата го влоши кинеско-американското ривалство и ги охрабри двете страни да бараат поддршка од други земји. Додека американските партнери во Европа рекоа дека Пекинг мора да биде поотворен, 28 политички партии од 13 арапски земји ја поддржаа Кина во нејзиниот повик да се утврди потеклото на вирусот со научни методи, а не со политизирање.

И додека службите на Вашингтон се занимаваат со „изворот“ на коронавирусот, здравствените власти се најзаинтересирани за вакцинација. Најпознатиот експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, предупреди пред неколку дена дека се раѓа нов бран и дека делта-сојот брзо се шири, особено во слабо имунизирани средини. Фаучи, кој е главен медицински советник на американскиот претседател, изјави дека неговите сонародници „сами себеси се доведуваат во опасност“: „Одиме во погрешна насока бидејќи половина од населението не е вакцинирано“.

Според Фаучи, доколку се вакцинираат значително поголем број луѓе, епидемијата би можела да биде „под контрола“ до пролетта следната година. Владата на Бајден го повикува населението да го стори тоа, но анкетите не се охрабрувачки. Според Гласот на Америка, 80 проценти од неимунизираните граѓани тврдат дека нема да се вакцинираат под никакви околности.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе