Независна ревизија: Фејсбук лесно им дозволува на политичарите да шират дезинформации

Компанијата Фејсбук не работи доволно во борбата против дискриминацијата на своите платформи и некои нејзини одлуки биле штетни за човековите права, процени независната ревизија ангажирана од самата компанија, пренесува Њујорк тајмс.

Фото: ЕПА

Резултатот од ревизијата може да изврши дополнителен притисок врз компанијата, која веќе се соочува со бојкот на околу 900 огласувачи, вклучувајќи ги и големите брендови како Кока Кола, поради обвинувања од активистите за граѓански права дека компанијата промовира говор на омраза.

„Многу активисти за човекови права се обесхрабрени, фрустрирани и огорчени затоа што со години ја повикуваат компанијата да направи повеќе за подобрување на еднаквоста и борбата против дискриминацијата, а притоа да ја зачуваат слободата на говорот“, пишува американскиот весник повикувајќи се на извештајот.

Фејсбук ја ангажираше Лора Марфи, поранешна директорка на Сојузот за американски граѓански слободи, да спроведе ревизија на политиката на граѓанските права во 2018 година. Така, интернет гигантот одговори на бројните критики во областа на заштитата на личните податоци, поттикнувањето насилство, недоволната транспарентност во политичкото рекламирање.

Портпарол на Фејсбук рече дека ревизијата е „темелна анализа која покажува како можеме да ги зајакнеме и подобриме граѓанските права на секое ниво на нашата компанија - но тоа е само почеток на патувањето, а не крајот“.

„Станува се појасно дека пред нас е долг пат“, рече тој.

Ревизијата оцени дека Фејсбук лесно ги ослободува политичарите од почитување на регулативите и им дозволува да шират дезинформации и говор кој е штетен и го дели општеството, па дури и повикува на насилство.

Во споредба со своите конкуренти, Фејсбук кон политичкиот говор одбра лежерен став, особено во мај, кога објавата на американскиот претседател Доналд Трамп ја остави без коментар, за разлика од Твитер, кој ја оцени како поттик на насилство.

Организаторите на бојкотот за рекламирање, вклучително и Антидифамациска лига (АДЛ) и Националниот сојуз за промоција на правата на обоените луѓе (НААЦП), повеќе од еден час преку видео-врска зборувале со основачот на Фејсбук, Марк Закерберг и извршната директорка Шерил Сандберг во вторникот, и на крајот од состанокот рекле дека „во компанијата не гледаат подготвеност за акција“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе