Незапамтено невреме во Италија: град со големина на портокали, повредена трудница (ВИДЕО)

Најмалку 18 лица се повредени, меѓу кои и една трудница, во невреме проследено со град со големина на портокали, кое денес го ззафати италијанскиот град Пескара.

Повредените се пренесени во градската болница, а трудницата добила повреди на лицето и главата. Останатите повредени добиле повреди на главата и модринки.

Во невремето паднале и 200-годишни борови дрвја во близина на Равена, а поплавени се и делови од Ромања, Марше и Абруцо, пренесува Анса.

По невремето во Пескара, улиците во градот се претворени во реки на неколку локации во градот, а во центарот имало дури 10 сантиметри вода.

Според прогнозата на Акјуведер, ново невреме се подготвува за јужна и југоисточна Европа ноќеска.

Невремето кое во последните два дена мина низ Шпанија и Италија предизвикувајќи невидени поплави, денес се сели во соседните земји, а се очекува невремето од централна Италија да се префрли на јужниот дел на Балканот.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе