Незапаметена катаклизма во Истанбул: четири лица загинаа, 38 повредени (ВИДЕО)

Најмалку четири лица загинаа во силното невреме кое вчера го погоди Истанбул и други делови од Турција.

EPA-EFE

Една жена загина во градскиот кварт Есенјурт, каде ветерот откинал дел од покрив и ја погодил неа и малолетно дете. Детето е повредено, но за среќа преживеа.

Канцеларијата на гувернерот на Истанбул соопшти дека уште три лица загинале во градот, вклучувајќи еден странец.

38 луѓе се повредени, а три лица се наоѓаат во болница во критична состојба, соопшти турската агенција за управување со природни катастрофи (АФАД).

Во незапаметеното невреме се оштетени 33 покриви, 192 стебла се откорнати, 52 семафори се турнати, а оштетени се десетици и камиони автомобили.

Босфор, тесниот пловен пат кој го дели градот, е затворен за поморски сообраќај, а траектните услуги се откажани.

Најмалку девет летови на Туркиш ерлајнс се пренасочени кон Анкара и Измир, изјави портпарол на авиокомпанијата.

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу им изрази сочувство на жртвите и ги повика жителите на градот да бидат внимателни, бидејќи ветриштата дуваат до 130 км/ч.

Националната метеоролошка служба јави дека невремето ќе трае до денес.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе