Невролошко нарушување е додадено на листата можни ретки несакани ефекти на Астразенека

Европската агенција за лекови (ЕМА) додаде екстремно ретко невролошко пореметување, Гилен-Бареов синдром (ГБС), на листата на можни несакани ефекти на Астразенека против ковид-19.

Фото: ЕПА

ЕМА објави дека врската помеѓу ГБС и вакцината Ваксзевриа на Астразенека во најмала рака е „разумна можност“, бидејќи 833 случаи на синдромот се пријавени откако од 31 јули ширум светот се дадени 592 милиони дози од вакцината.

ЕМА го категоризираше овој несакан ефект како „многу редок“, што е најниската зачестеност што некој несакан ефект може да ја има.

Агенцијата посочи дека придобивките од вакцината на Астразенека сè уште ги надминуваат ризиците.

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) издаде предупредување дека ГБС е можен несакан ефект на вакцината Џонсон&Џонсон. И двете вакцини користат векторска технологија и се поврзани со ретки случаи на згрутчување на крвта.

ЕМА на листата додаде и повеќе безопасни несакани ефекти за вакцините Џонсон&Џонсон, Модерна и Астразенека, како што се болка во рацете, нозете и стомакот и симптоми слични на грип.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе