Невреме во Непал: Најмалку 27 загинати и 400 повредени

Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од 400 се повредени во силното невреме што ги зафати јужните делови на Непал, соопшти локалната полиција.

Полицискиот официјален претставник Сатја Нараjан Тапа изјави дека невремето ги погоди областите Бар и Парсa во југо-централниот Непал доцна во неделата. Овој земјоделски регион се наоѓа на околу 120 километри јужно од Катманду.

Повеќе од 400 лица се повредени, а 27 од нив загинаа во овие две области, изјави Нарајан Тапа за ДПА.

Уништени се куќи, превртени возила, искорнати дрвја и срушени далноводо во окрузите Бара и Парса, изјавија официјални лица.

Во жртвите се вклучени и патниците од автобусот кој бил одвеан од патот, велат сведоци, пренесе Би-би-си.

Невремињата се честа појава во Непал на пролет, но експертите велат дека невремето во неделата било невообичаено деструктивно.

Секоја година стотици луѓе умираат во невремиња во Непал, особено во текот на монсунските дождови, кои предизвикуваат поплави и свлечишта, траат од јуни до септември.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе