Невреме ја погоди Италија: поплави, двајца мртви, две исчезнати (ФОТО+ВИДЕО)

Две лица загинаа, а две се пријавени како исчезнати во невремето што ја зафати северна Италија, што предизвика поплави.

Првата жртва е таксист чие возило го однела водата откако реката се излеала од коритото во провинцијата Алесандрија. Во возилото имало уште едно лице, но тоа преживеало.

Втората жртва е 81-годишен пензионер, кој загинал кога неговото возило се лизнало од автопатот кај Торино. Неговата сопруга е повредена.

Две постари лица се пријавени како исчезнати во Морнеза, објави Анса.

Невремето го нарушило сообраќајот, предизвикани се големи материјални штети, а многу училишта се затворени.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе