Невообичаен закон во Франција: Забрането е исмевање акценти

Оваа недела, францускиот парламент усвои невообичаен предлог-закон против дискриминација на луѓе кои зборуваат француски јазик со одреден акцент, а законот предвидува и големи казни, до три години затвор и 45.000 евра, пренесуваат локалните медиуми.

Со 98 гласа „за“ и три „против“, парламентот го усвои предлог-законот со кој се забранува навредување и исмевање на нечиј акцент.

Законот ќе биде додаден на веќе долгата листа на различни форми на дискриминација содржани во Кривичниот закон и Законот за работни односи.

Така, дискриминацијата врз основа на различен јазичен акцент ќе се казнува, како и другите форми на дискриминација - врз расна, етничка и религиозна основа, како и поради сексуална ориентација.

Законот е предложен од пратеник од јужна Франција, Кристоф Узе, а текстот веднаш во првото читање бил усвоен.

Други пратеници, особено оние од француските прекуокеански територии, први го поздравија предлогот за ваков закон.

„Донесовме закони против различни форми на дискриминација и сега донесовме закон за заштита на 30 милиони Французи кои нашиот јазик го зборуваат со различен акцент“, рече Узе.

Законот има за цел да ја промовира „различноста во изговорот на францускиот јазик и да забрани дискриминација поради акценти, особено во работата“, додаде пратеникот.

Според една неодамнешна анкета, секој втор Французин кажал дека зборува со одреден акцент, додека четвртина од испитаниците тврдат дека редовно и на дневна основа се предмет на потсмев, поради акцентот кој не е како оној во Париз.

Францускиот премиер Жан Кастекс исто така стана предмет на потсмев и шега веднаш штом ја презеде функцијата во јули оваа година.

Медиумите тогаш изјавија дека во француската влада дошол премиер од југот на земјата, кој не зборува француски со париски акцент.

Парижаните, како и граѓаните во другите метрополи имаат свој акцент и често го сметаат за „единствен вистински“ акцент на францускиот јазик.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе