Неверојатно предупредување на полицијата до Американците: Не пукајте во ураганот Ирма (ФОТО)

Полицијата на округот Паско апелираше до граѓаните на Флорида да не пукаат во ураганот Ирма бидејќи тоа нема да го натера да се врати назад.

Се истакнува дека тоа би можело да доведе до многу опасни повратни ефекти.

Полицијата беше приморана да се огласи откако на на социјалната мрежа Фејсбук голема популарност доби настанот, односно повикот да се пука во ураганот Ирма.

Настанот „Пукај во ураганот Ирма“ (Shoot at Hurricane Irma) е „закажан“ за денес, пренесува Би-би-си.

Околу 25.000 луѓе навеле дека ќе „присуствуваат“, а уште 53.000 се „заинтересирани“.

„Намерата не беше ова да стане нешто големо, реакцијата е комплетно изненадување за мене. Идејата повеќе не е во моја контрола“, изјави 22-годишниот Рајон Едвардс, креторот на „настанот“, кој за идејата вели дека е производ на „комбинација од стрес и досада“ и дека никогаш не мислел навистина да се пука.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе