Невакцинираните здравствени работници ја шират заразата во Австралија

Властите на австралиската држава Квинсленд објавија дека сѐ поголемиот број случаи на британската варијанта на ковид-19 во Бризбејн потекнуваат од „две различни жаришта“, а ја шират невакцинираните здравствени работници.

Фото: ЕПА

„Од вчера, пријавени се 15 случаи на локално пренесување во заедницата“, рече главната здравствена службеничка Џенет Јанг, додавајќи дека ситуацијата е загрижувачка.

Два нови случаи на инфекција со британската варијанта се чини дека се поврзани со друго жариште и лекар во болницата „Принцеза Александра“, кој е заразен од 9 март, пишува Гардијан.

Денес Австралиското лекарско здружение (АМА) и Федерацијата на платени австралиски медицински офицери ги објавија резултатите од истражувањето што покажува дека 43% од здравствените работници во Квинсленд сè уште не примиле прва доза на вакцината.

Крис Пери, претседател на АМА за Квинсленд, рече дека е јасно дека за вакцинацијата треба време, но ги повика властите да ги забрзаат вакцинациите на лекарите и здравствените работници во болниците.

„Во најмала рака, секој здравствен работник што работи со пациенти заразени со ковид, треба да се вакцинира и да има соодветна заштитна опрема“, рече Пери.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе