Невакцинираните во октомври сочинуваа 75 отсто од заболените од корона

Израел соопшти колкава е разликата во заболувањето од ковид меѓу вакцинираните и невакцинираните – за време на претходниот месец повеќе од 75 отсто позитивни биле невакцинирани, покажаа податоците на Министерството за здравје.

EPA-EFE

Кај хоспитализираните ситуацијата е уште појасна – израелските официјални лица кажаа дека во октомври бројот на лица постари од 60 години што се во тешка состојба, а добиле две дози вакцина беше петпати поголем од оние што примија и бустер-доза, пренесе Си-ен-ен.

Иако бројот на случаи опадна драстично, од просечните 8.000 дневно на сегашните 450-500 во претходните седум дена, таа разлика и понатаму е забележлива.

Податоците од неделата покажуваат дека тешко заболени што примија две дози вакцина имало четирипати повеќе отколку такви што примија и бустер-доза, наведе израелското Министерство за здравје.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе