Вчера стапи во сила новата мерка според која на невакцинираните лица ќе им треба вакцинална пропусница за да влезат на јавни места.
Франција забележа најголем број новозаразени за еден ден во цела Европа.
Болниците сѐ уште се полнат со пациенти, иако во последните денови на помал број луѓе им е потребна интензивна нега.
Во Франција се воведуваат порестриктивни мерки поради сојот омикрон, кој е позаразен и веќе стана доминантен во многу земји.
Критичарите велат дека пропусниците ќе предизвикаат поделби во земјата во која 94 отсто од луѓето примиле барем една доза од вакцината против ковид-19.