Невакцинираните луѓе во Франција не можат да одат во ресторани, кафулиња, спортски центри

Луѓето што не биле вакцинирани против ковид-19 во Франција повеќе не можат да влегуваат во барови, ресторани, туристички и спортски објекти освен ако не ја прележале болеста.

Фото: ЕПА

Вчера стапи во сила новата мерка според која на невакцинираните лица ќе им треба вакцинална пропусница за да влезат на јавни места.

Франција забележа најголем број новозаразени за еден ден во цела Европа.

Болниците сѐ уште се полнат со пациенти, иако во последните денови на помал број луѓе им е потребна интензивна нега.

Во Франција се воведуваат порестриктивни мерки поради сојот омикрон, кој е позаразен и веќе стана доминантен во многу земји.

Критичарите велат дека пропусниците ќе предизвикаат поделби во земјата во која 94 отсто од луѓето примиле барем една доза од вакцината против ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе