Нетанјаху заминува во прва официјална посета на Емиратите по нормализацијата на односите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху заминува утре во Обединетите Арапски Емирати во својата прва официјална посета на таа земја која неодамна ги нормализираше односите со Израел, јавија денес израелските медиуми.

EPA-EFE

Десетина дена пред парламентарните избори, клучни за неговото политичко преживување, Нетанјаху треба да се сретне со принцот престолонаследник на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан, наведуваат израелските медиуми, повикувајќи се на неименувани владини извори.

Кабинетот на премиерот не ги потврди ниту ги негираше тие информации. „Немаме коментар“, кажа еден висок функционер на кабинетот на Нетанјаху.

Израелскиот премиер на почетокот на февруари ја одложи својата посета на Емиратите и Бахреин поради ограничувањата на патувањата во рамки на борбата против пандемијата а коронавирусот.

Тие две арапски земји во септември потпишаа договори за нормализација на односите со Израел договорени под притисок на САД за време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Тие договори, први од тој вид меѓу земјите од Заливот и Израел, Палестинците ги нарекоа предавство.

По тие договори беа потпишани и бројни трговски договори меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати, кои од 1 март имаат амбасадор во Израел.

Патувањето на израелскиот премиер во Емиратите е најавено истиот ден кога Израел ќе го посетат чешкиот и унгарскиот премиер.

Андреј Бабиш и Виктор Орбан треба да се сретнат со Нетанјаху утре и да разговараат за вакцините и борбата против коронавирусот.

Израел со две дози од вакцината на Бајонтек/Фајзер вакцинираше околу 43 отсто од своите 9 милиони жители, додека Чешка сè уште се мачи со вакцинирањето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе