Нетанјаху за прв пат разговараше со Бајден, чекаше еден месец

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера за прв пат разговараше со американскиот претседател Џо Бајден од неговото пристигнување во Белата куќа минатиот месец, соопшти неговата канцеларија во Ерусалим.

Фото: ЕПА

„Разговорот беше срдечен, пријателски и траеше околу еден час“, објави Нетанјаху на Твитер, додавајќи дека разговарале за блискоисточните мировни договори, за „иранската закана“ и за управувањето со пандемијата ковид-19.

Соединетите Држави се најголемиот сојузник на еврејската држава. Бенјамин Нетанјаху го нарече претходникот на Џо Бајден во Белата куќа Доналд Трамп негов „најдобар пријател“ на чело на најголемата светска сила што Израел досега го имал.

Но, скоро еден месец по пристигнувањето во Белата куќа на 20 јануари, Џо Бајден сè уште не разговарал со Нетанјаху, што предизвика контроверзии во израелските медиуми во време кога новата администрација на САД се привикнува.

Ники Хејли, поранешна амбасадорка во ОН за време на мандатот на Доналд Трамп, ја обвини владата на Бајден дека „од високо гледа“ на „пријателите како што е Израел“.

Запрашан за причините зошто Бајден сè уште не му се јавил, скоро еден месец по стапувањето на должноста, Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа, изјави оваа недела дека тоа ќе се случи „наскоро“.

„Неговиот прв повик до лидер во регионот ќе биде до премиерот Нетанјаху“, истакна таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе