Нетанјаху во Русија: Израел мора да има слобода да дејствува против Иран

„На Израел мора да му се дозволи слободно да дејствува против Иран", рече премиерот Бенјамин Нетанјаху за време на посетата во Сочи, каде се состана со рускиот претседател Владимир Путин, за да разговараат за безбедносната координација во Сирија.

Двајцата лидери повеќе од десет пати се имаат сретнато во последните години, а восјките на двете држави соработуваат за да избегнат случајни конфликти во Сирија, каде Израел, како што вели, извршил стотици удари против иранските цели за да го спречи Техеран таму да воспостави трајно воено присуство.

„Безбедносната координација меѓу нас е секогаш важна, но особено е важна сега затоа што минатиот месец дојде до сериозно зголемување на обидите на Иран да го погоди Израел од Сирија и таму да постави прецизни проектили за да ги употреби против нас“, рече Нетанјаху на почетокот на состанокот.

Иран и либанската милиција Хелзболах, подржана од Иран, му помогнаа на претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна. Русија, која исто така му помага на Асад, претежно се прави дека не ги забележува израелските воздушни напади, јави Ројтерс.

Руската новинска агенција РИА соопшти дека Путин ја пофалил воената и безбедносна соработка меѓу Русија и Израел.

По претходната средба со рускиот министер за одбрана Сергеј Шогу, Нетанјаху повтори дека на Израел во постигнувањето на сопствената безбедност му е потребна неговата војска да има слобода да дејствува против Иран во регионот.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе