Нетанјаху ветува анексија на сите еврејски доселенички населби

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху повторно вети дека ќе ги анектира еврејските населби на Западниот брег на почетокот на третата изборна кампања.

Обраќајќи им се на поддржувачите на својата конзервативна партија Ликуд во Ерусалим Нетанјаху најави дека „ќе воспостави суверенитет на Израел над долината Јордан и северниот дел од Мртвото Море“ и потоа вети дека ќе ги анектира сите еврејски населби на Западниот брег „без исклучок“.

Израел го окупираше Западниот брег во војната од 1967 година заедно со источен Ерусалим и појасот Газа.

Палестинците сакаат на тие територии да формираат независна држава.

Поголемиот дел од меѓународната заедница ги смета еврејските населби на Западниот брег за нелегални според меѓународното право.

Нетанјаху претходно повика на анексија на долината на Јордан пред изборите во септември. Тој и други израелски функционери сметаат дека таа област е клучна за одбраната на земјата на истокот.

Анексијата на долината на Јордан која сочинува четвртина од Западниот брег и главно е земјоделски регион би оневозможило функционирање на палестинската држава и би предизвикала гнев кај Палестинците и поголемиот дел на меѓународната заедница.

И главниот политички ривал на Нетанјаху, лидерот на сојузот на партиите од центарот Сино и бело Бени Ганц, вети анексија на долината на Јордан.

Во Израел на 2 март ќе се одржат трети избори за помалку од една година откако Нетанјаху двапати не успеа да формира владејачка коалиција по гласањата во април и септември.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе